Европскиот првак, Вардар продолжи со феноменалните настапи во Лигата на Шампиони, откако на домашен терен славеше против Рајн Некар 30-26 (17-13) во дербитод А групата.
„Црвено црните“ во преполната сала „Јане Сандански“ ги скротија популарните „лавови“ доминирајќи од стартот од крајот на мечот.
Првата поголема предност „вардарци“ ја имаа на половината од првиот дел, а ја задржаа до истекот на 30-та минута. Во вториот дел не се промени резултатска слика и покрај квалитетна игра на двата состави за конечна победа (30-26).
Со триумфот Вардар се зацврсти на врвот од табелата, додека Рајн Некар може да ја изгуби втората позиција ако Барселона победи на гостувањето кај Пик Сегед.
Фото: Екипа.мк
OhridNews