Македонскиот ракометен првак Вардар во деветото коло стигна до првата победа  во Лигата на шампиони.

Избраниците на Савески беа поуспешни како гости против швајцарската Амичитија со 31-24.

Црвено-црните  до победата која им го обезбеди 5 – то  место во групата стигнаа благодарение на голманот Ангелов кој натпреварот го заврши со 11 успешни интервенции.

По пет пати противничката мрежа ја затресоа Стојановиќ, Јовчевски и Ѓорѓевиќ.

Во последното коло, наредната недела Вардар ќе му гостува на германскиот Кил.

Ohridnews