Македонскиот ракометен првак, Вардар не успеа да се пласира место погоре во групата Ц откако на гостувањето во Франција претрпе висок пораз 35-25 од тимот на ПСЖ.

Вака по убедливиот пораз од составот на ПСЖ предводен од Хансен, Вори, Копљар, Нарцис, во ТОП 16 фазата Вардар ќе добие противник кој ќе биде првопласиран во групата (Веспрем, Кил или Хамбург).
Пред мечот Металург – Барселона, кој ќе биде последен од Ц групата веќе е јасен пласманот на екипите во првата фаза. Барселона е лидер во групата, ПСЖ е втор додека на третата и четвртата позиција се најдоа македонските преставници Металург и Вардар.
Мх.П.










