Македонскиот ракометен првак, Вардар ја покори Европа, откако триумфираше на завршниот турнир во Келн во Лигата на Шампиони. „Црвено црните“ во финалниот натпревар по голема рововска битка го совладаа дрим тимот на Пари Сент Жермен со 24-23 (12-11).
Избраниците на Раул Гонзалес Гутиерес на Ф4 турнирот допатуваа како дебитанти, но ја задржаа убоитоста која ги красеше во групната фаза во Лигата на Шампиони и им пресудија на Барселона, а потоа и на ПСЖ.
Во финалето човек на одлука беше Иван Чупиќ кој на егал резултат 23-23 го реализираше последниот напад и донесе победа вредна шампионска титула.
Натпреварот помина во резултатска иницијатива на Вардар, а „светците“ дури во финишот успеаја да се приближат и да се вратат во игра. „Црвено црните“ преку Иван Чупиќ ја искористија меч топката и донесоа неизмерна радост во Келн и низ секое тело во кое тече македонска крв.
Македонија после Кометал Ѓорче Петров во женска конкуренција, добива и машки шампион на Европа. Секоја чест момци.
OhridNews