Ракометарите на Вардар прокнижија нови бодови на табелата во Лигата на Шампиони, победувајќи го Рајн Некар Левен 33-27 (17-16) во Германија.


„Црвено црните“ со триумфот во Манхајм уште еднаш покажаа дека се зрели сезонава за поминување на „магичното“ четвртфинале и пласман меѓу четирите најдобри на стариот континент.

Избраниците на Раул Гонзалес Гутиерез постигнаа гол повеќе од домаќинот во првиот дел и на одмор заминаа со водство 17-16.

Голманот на Вардар, Арпад Штербик се разбрани во вториот дел, нападот ја подигна ефикасноста и веднаш „вардарци“ се одлепија на семафорот.

„Лавовите“ немаа сили да се справат со разиграните ракометари на Вардар и мораа да му пуштат рака на македонскиот шампион.

За Вардар кој е лидер во Б групата ова е шеста победа додека Рајн Некар по втор пат го почуствува вкусот на поразот.

OhridNews