Македонскиот фудбалски првак, Вардар со минимална предност (1-0) од првиот натпревар ќе го одигра реванш мечот со Копенхаген во третата квалификациска рунда за пласман во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ веруваат во себе и во добра престава, а во нивна корист оди и психолошкиот товар кој е на плеќите од домаќинот.
Поради не заинтересираност од домашните медиуми нашиот преставник во ЛШ немаше официјална пресконференција, што до некаде делува потценувачки и сигурно ќе биде мотив повеќе за пулените на Гоце Седлоски.
Натпреварот се игра во 20 часот, а пренос ќе има на Тв Нова.
OhridNews