Женскиот ракометен првак во Македонија, Вардар СЦБТ го освои бронзениот медал во овогодинешното издание на завршницата од Лигата на Шампиони кое се одржа во Будимпешта.

Поразот во 1/2 финалето од Будучност не остави никаква трага на „црвено црните“ кои во голем стил ја завршија првата евросезона во ЛШ.
По шест погодоци во составот на Вардар постигнаа Николиќ и Радичевиќ, пет реализираше Лекиќ, а чуварот на мрежата Суслина застана на 12 интервенции.
Мх.П.











