Кога беше најпотребно избраничките на Индира Кастратовиќ покажаа карактер и квалитет и го прегазија германскиот состав на Лајпциг 26-20 (10-9).


За „црвено црните“ ова е втора победа во втората фаза од Лигата на Шампиони што широко им ги отвара вратите за пласман во четвртфиналето.

Во составот на Вардар за издвојување се чуварот на мрежата Суслина, пивотменот Алтхаус и бекот Ихнева кои го носеа тимот до нова победа.

Во претпоследната рунда од втората фаза „вардарки“ гостуваат во Словенија кај екипата на Крим.

Мх.П.