Ракометарките на Вардар во Подгорица против стариот и познат ривал, Будуќност ќе ги започне мечевите од главната фаза во Лигата на Шампиони.
„Вардарки“ никогаш до сега немаат победено против црногорскиот шампион во Подгорица, а тренер на македонскиот шампион, Дејвис Камара смета дека тимот е подготвен за добра игра.
– Верувам во оваа екипа 100 проценти. Екипата е подготвена за ова. Трениравме две недели веќе, и ќе имаме неколку чекори напред во формата. Затоа и сметам дека екипата е подготвена за прва гостинска победа во Подгорица. Добро е што веќе имаме искуство од лани и претходните сезони па играчите знаат како се игра ова дерби. Секогаш велам дека играчите се тие што играат, и никој друг. Но, постојано напомнувам дека Будуќност има добри играчи, и тренер. Играат добро индивидуално и колективно. Нивниот тренер е почитуван, секогаш е коректен и знае да направи добра анализа. – изјави Камара.
„Црвени црните“ главната фаза ја започнуваат од првата позиција со бод повеќе од Будуќност кој се наоѓа на второто место.
OhridNews