Финалистот од 2006 година во Лигата на Шампиони, Арсенал е пред елиминација откако на домашен терен претрпе пораз од Баерн Минхен 2-0. Најголем виновник за поразот на „топчиите“ е Месут Озил, кој се коцкаше со ударот од белата точка и не успеа да го претвори во погодок.
– Озил одлично го започна мечот и неговата желба за добар натпревар беше видлива. Промашениот пенал го измести од ритам што се осети во продолжението од натпреварот. Не ми се допаѓа неговиот стил на изведување на пенали, но сепак тоа е негов стил – рече менаџерот Арсен Венгер.
Предводникот на Арсенал секогаш ги менува изведувачите не пеналите, а можеби Озил го прекрши непишаното правило кое гласи над тој што е направен пеналот да не го изведува.
Мх.П.