Со погодок на Вернблум во судиското продолжение ЦСКА Москва се спаси од пораз во првиот натпревар од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.  Португалскиот ас Кристијано Роналдо со погодокот во 28-та минута донесе предност за “кралевите“ која успешно ја чуваа до последната минута од мечот кога швеѓанецот го совлада Касиљас за 1-1 и донесе голема радост домашните навивачи на Лужники стадионот.


Избраниците на Хозе Мурињо можат да жалат што не триумфираа на првиот од двата меча. После погодокот на Роналдо, “лос бланкос“ имаа неколку шанси кои не ги капитализираа. Најзрелата ја имаа преку стрелецот на голот Роналдо но голманот Чепчугов не дозволи Реал Мадрид да го дуплира водсвото. На средината од вториот дел, додавањето на Роналдо во празно не го искористи Каљехон кој биеше покрај голот.

Непишанато фудбалско правило го “стигна“ Реал Мадрид, по една мешаница во казнетиот простор Алексеј Берузутцки ја спушти топката до Вернблум кој непречен од никого со волеј удар ја “закова“ топката во мрежата.

Реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони се игра на 14 март, на Сантијаго Бернабеу.


Мх.П.