Европскиот ракометен првак Вардар го претрпе вториот пораз во фазата по групи во Лигата на Шампиони, откако изгуби на гостувањето во Унгарија кај Веспрем со 39-30 (21-17) во рамките од петтата рунда.

Ракометарите на Веспрем во репризата од ланското финале во ЛШ одиграа без респект и немилосрдно против Вардар. Домашните ракометари сурово со погодоци ги казнуваа сите грешки на Вардар и уште на полувремето се стекнаа со предност од 4 погодоци. Во второто полувреме, Веспрем продолжи со исто темпо а Вардар не можеше да фати ритам и поразот од девет голови беше неизбежен.

Ниту шок терапијата со менување на тренерот не вроди со плод во тимот на Вардар, кој после трите победи на стартот од ЛШ претрпе два порази за само една недела.

Во следната рунда, Вардар на домашен терен ќе го пречека Мешков Брест и ќе има шанса да се врати на победничките патеки.

OhridNews