Дерби пресметката помеѓу унгарскиот вицепрвак Пик Сегед и дрим тимот на Пари Сент Жермен која требаше да означи почеток на новата сезона во Лигата на Шампиони е одложена и нема да се одигра во претходно договорениот термин.

Причина за одложувањето е вирусот ковид -19 кој влегол во тимот на Пик Сегед. Еден од претставниците во клубот бил позитивен и имал контакт со ракометарите и дел од стручниот штаб. Насоките и мерките во тој случај се карантин на сите лица кои имале контакт со лицето позитивно на ковид -19.

ЕХФ експрено реагираше и го одложи дербито, а одврзани раце им даде на двата клубови да се договорат за термин.

OhridNews