Актуелниот англиски првак, Манчестер Јунајтед и европскиот вицепрвак Борусија Дортмунд ги комплетираа патниците во 1/4 финалето од Лигата на шампиони.

Единствениот руски претставник во ЛШ, Зенит забележа пирова победа над Дортмунд на „Сигнал Идуна Парк“ 2-1 откако на првиот осминафинален дуел пред своите гледачи претрпе пораз 4-2.
Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд им се придружија на ПСЖ, Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Челси во 1/4 финалето од Лигата на шампиони.
По пат на ждребка, која ќе се одржи во петок ќе се одредат двојките за четвртфиналните мечеви во најеминетното натпреварување на стариот континент.
Мх.П.











