Актуелниот англиски првак, Манчестер Јунајтед и европскиот вицепрвак Борусија Дортмунд ги комплетираа патниците во 1/4 финалето од Лигата на шампиони.

„Црвените ѓаволи“ предводени од холандскиот репрезентативец Робин ван Перси, кој постигна хет трик не само што успеаа да ја анулираат предноста на Олимпијакос од првиот натпревар (2-0) туку и да победата со 3-0 и да обезбедат пласман меѓу осумте најдобри.

Единствениот руски претставник во ЛШ, Зенит забележа пирова победа над Дортмунд на „Сигнал Идуна Парк“ 2-1 откако на првиот осминафинален дуел пред своите гледачи претрпе пораз 4-2.

Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд им се придружија на ПСЖ, Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Челси во 1/4 финалето од Лигата на шампиони.

По пат на ждребка, која ќе се одржи во петок ќе се одредат двојките за четвртфиналните мечеви во најеминетното натпреварување на стариот континент.

Мх.П.