Без победник (2-2) заврши дерби пресметката во групата Х помеѓу Валенсија – Челси, додека Зенит комплетно се врати во игра за втората позиција на табелата совладувајќи го Лион со 2-0 во воведните мечеви од завршните мечеви во петтата рунда.

На „Местаља“, Валенсија и Челси ги поделија бодовите во супер возбудлид и содржаен натпревар. Домаќините, поведоа со 1-0 во 40-та минута, а гостите од Лондон израмнија минута подоцна. Во второто полувреме се сменија улогите. Челси успеа да стигне до предност, а Валенсија со погодок во 86-та минута обезбеди реми пред своите гледачи.

Рускиот клуб Зенит со по еден погодок во двете полувремиња ја обезбеди победата во средбата со Лион. Во првито дел за водство 1-0 прецизен беше Артем Џуба, а во вториот мрежата на французите ја погоди Магомед Оздоев.

Вечерва, со преостанатите шест мечеви од групите Е, Ф, Г и Х ќе се комплетира петтата рунда од групната фаза во Лигата на Шампиони.

OhridNews