Со натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х, ќе биде комплетирано првото коло во фудбалската Лига на шампиони. Дербито ќе се одигра на „Стенфорд Бриџ“ во Лондон, каде актуелниот европски првак Челзи, против Јувентус ќе ја започне одбраната на титулата.

Покрај мечот во Лондон, внимание привлекува и гостувањето на Валенсија кај вицепрвакот на Европа, Баерн Минхен. Во шампионската лига ќе стартуваат и фаворитите за освојување на трофејот Барселона, односно Манчестер Јунајтед. Двата тима се домаќини во првото коло, против Спартак Москва, односно Галатасарај.

Група Е:

Челзи – Јувентус, Шахтјор – Нордсјеланд

Група Ф:

Баерн – Валенсија, Лил – БАТЕ Борисов

Група Г:

Барселона – Спартак Москва, Селтик – Бенфика

Група Х:

Брага – Клуж, Манчестер Јунајтед – Галатасарај

Ohridnews
“Макфакс“