Стрелецот на победничкиот погодок на првиот натпревар Вејн Руни се враќа во стројот откако натпреварот со Фулам го пропушти поради суспензија. Добра вест за Фергусон е што на располагање ќе ги има бразилецот Рафаел и столбот на одбраната Рио Фердинанд. Во синиот табор ќе недостасува бразилецот Алекс додека за составот ќе конкурира и Јуси Бенајун.
ЛШ : Втора и “решавачка“ епизода на Олд Трафорд
12.04.11 11:00
Првата од двете мега пресметки во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони помеѓу Манчестер Јунајтед – Челси, му припадна на “црвените ѓаволи“ кои со минимални 1-0 славаеа на Стемфорд Бриџ. Втората епизода е вечерва на Олд Трафорд каде Манчестер Јунајтед нема пораз од 2005 година во Лигата на Шампиони, последен противник што го совладал е Милан.

Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










