Бекот на Металург, Ренато Вугринец и крилото на Вардар, Матијаш Брумен се најдоа во тимот на колот од втората четвртфинална рунда.

Мала утеха за крилниот ракометар на Вардар, Брумен е тоа што неговата блескава партија е крунисана со избор во најдобрите седум, а не со полуфинале.
Во најдобрите седум на голот е Штербик (Барселона), Сулиќ (Веспрем), Горбок (Рајн Некар), Карабатиќ (Барселона), Вугринец (Металург), Брумен (Вардар), Клајн (Кил).
Мх.П.










