Првакот во македонската фудбалска лига за жени, Наше Такси не успеа да се пласира во наредното коло од Лигата на Шампиони. Преставник од нашата земја оствари пирова победа над молдавскиот првак Голиадор од 6-0 откако лидерот во групата Јанг Бојс ремизираше 1-1 со Паок.


Швајцарскиот првак со седум бодови го завзеде првото место на табелата додека Наше Такси со шест бодови се пласираше на втората позиција.

Во канонадата на Голиадор, хет трик постигна Брахими а по еднаш беа прецизни Станковска, Нацева и Андреевска.