Ждребката во четвртфиналето во Лигата на Шампиони нуди македонска пресметка Металург – Вардар откако европската куќа на ракометот (ЕХФ) ги подели македонски преставници во различни барабани.

Актуелниот освојувач на трофејот во Купот на Македонија, Металург се наоѓа во вториот со Пари Сент Жермен, Флензбург и победникот од дуелот Рајн Некар – Киелце.
Сезонава македонските ракометни гиганти се сретнаа во групната фаза од ЛШ и забележаа победа и пораз во европските пресметки.
Ждребката за четврфиналните двојки е вторник во 12 часот. Првите натпревари се играат од 16 до 20 април додека реваншите од 23-27 април.
Мх.П.










