Охридскиот женски фудбалски клуб „Билјанини Извори“ отпатува во Финска каде ќе ги одигра натпреварите во Лигата на Шампиони. За шампионот на Македонија ова е прво искуство кое во клубот се надеваат ќе го искористат за добро преставување на македонскиот фудбал.

– Голема благодарност до Општината Охрид, градоначалникот Никола Бакрачески,  претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓоргиоски и сите спортски работници кои ни помогнаа да отпатуваме во Финска. Таму веруваме во добра престава и солидни резултати – рече Јовче Попоски, претседателот на клубот.

Македонскиот првак во групата покрај финскиот ПК-Ванта 35 ќе се сретне со естонскиот преставник Парну Јалгпаликуби и ПАОК.

– Естонскиот, а посебно грчкиот противник доста добро ги познавам додека за финскиот клуб немаме никакви информации. Задоволни сме од ждрепката и мислам дека имаме сила да обезбедиме добар резултат – рече по ждрепката една од најдобрите во составот Катерина Милеска.

Натпреварите од Лигата на Шампиони охриѓанки ги започнуваат со домаќинот на турнирот на 8 август. Во втората рунда на 10 август македонскиот шампион ќе се сретне со ПАОК додека во последната на 13 август силите ќе ги одмери со Парну.

Мх.П.