Златната генерација на Црвена Ѕвезда која во 1991 година стигна до титулата во Купот на европски шампиони ја „запали“ атмосферата на стадионот „Рајко Митиќ“ пред почетокот на мечот помеѓу српскиот првак и италијанскиот преставник Наполи.

50 000 грла во еден глас ги поздравија златните фудбалери помеѓу кои беше и Илија Најдоски, но не и Дарко Панчев кој го постигна погодокот злато вреден во пенал рулетот. Легендите со почесен круг го најавија враќањето на „делиите“ во фудбалскиот крем во Европа.

OhridNews