Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп не беше најсреќен од реакцијата на официјалните лица на клупата на Ливерпул после црвениот картон на Андрес Кристенсен пред крајот на првиот дел од дерби средбата со Челси. Официјалните лица со аплауз ја поздравиле одлуката на главниот судиа да го исклучи дефанзивецот на „сините“.

Тоа беше еден човек од нашата делегација. Веќе му кажав што мислам за неговото однесување, во овој момент не би сакал повеќе да разговарам на таа тема. – изјави Клоп.

Фудбалерите на Ливерпул играчот повеќе во поле максимално го искористија во второто полувреме кога со двата погодоци на Садио Мане извојуваа триумф и ги освоија трите бодови.

OhridNews