Познатиот етно состав Љубојна, синоќа одржа одличен концерт на Античкиот тетар во Охрид.

Гостин на коцертот беше првата труба на светот, младиот струмичанец Џамбо Агушев, а програмата беше збогатена и со настап на играорците од КУД Илинден од Битола.

Извонредната амосфера кулминираше кога расположената публика заигра оро на звуците на Љубојна на Античкиот театар.

Концертот се одржа под покровителство на општина Охрид, во соработка со фестивалот Охридско лето.

 

OhridNews
Фото: ЕМИЛИО