Љубомир Чаулев е реизбран за претседател на Општинската организација на Социјалистичката партија на Македонија, на вчера одржаното шестото изборно собрание на охридскиот огранок. Делегатите за потпретседател го изгласаа Александар Блажески, а беа избрани и 17 членови на општинскиот одбор на Социјалистичката партија.


Љубомир Чаулев останува на чело на охридските социјалисти

На Собранието беше  разгледан и усвоен извештајот за работата на општинската организација и беше повторена заложбата на  СПМ да застане цврсто во одбрана на името на државата и идентитетот на македонскиот народ, информираат од партијата.

На собранието присуствуваа членови на највисокото раководство на Социјалистичката  партијата на Македонија, меѓу кои потпретседателот и координатор Јован Лазарев, пратеникот Владанка Авировиќ и заменик министерот за здраство Јовица Андоновски.

OhridNews