
Предавањето е во рамки на кампањата 16 дена активизам против родово-базираното насилство, при што во средните училишта и на факултетите во Охрид и Струга во текот на месец Декември, се организираат серија презентации кои ја обработуваат темата Насилство против жените.
Основна цел на овие презентации е да им се помогне на девојките навреме да го препознаат насилството и да го спречат. Домашноото насилство и насилството меѓу младите во врска зема се поголем замав и се повеќе слушаме за разни насилства кои случуваат во Македонија, Насилството проив жените е едно од најсрамните кршења на човековите права кое не познава граници, социјален статус, религија и образование. И за жал, жртвите се тие кои се срамат од чинот на насилство, а не насилниците.
OhridNews











