Беспрекорната и динамична изведба на уметниците, визуелните и светлосни ефекти, како и специфичната сценографија, само ја надополнуваа големината на овој современ тетарски триптих и од него направија вистински спектакал. Режисерот Дејан Пројковски, кој стои зад овој извонреден проект, успеа да покаже еден модерен вид на уметност испреплетена со театар, опера, и музичка. На сцената продефилираа повеќе 30 актери, околу 40 балетски уметници, 70 музичари, хор, циркуски акробати и оперски пејачи.
Носител на овој интеранционален проект беше Битолскиот народен театар, во копродукција со Македонската опера и Балет и театарот „Вера Комирсажевскаја“ од Санк Петербург – Русија. Во проектот беа вклучени и Народниот театар од и Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, а зад целокупната продукција на претставата стоеше НУ Охридско лето.
Претседателот на Република Макеоднија, Горѓе Иванов кој е покровител на фестивалот, рече дека повеќе од половина век, Охридско лето претставува дом на македонската, европската и светската уметност, во кој реномираните уметници од целиот свет секогаш одново се враќаат за да ги споделат своите моменти на инспирација со верната публика.
-Уметноста го раубавува животот и ја облагородува душата. Секоја уметност бара храброст. Исто како и љубовта која во се верува и на се се надева. Таа е безвремена како што е приказната за Ромео и Јулија. А безвремената љубов има потреба од безвремен простор, простор што го поврзува минатото, сегашноста и иднината, рече Иванов во своето обраќање пред присутните.
Актерот Јордан Плевнеш, кој беседеше во чест на отварањето на фестивалот, рече дека во Охрид и дождот преставува светост. Неговата цитат од бугарскиот поет Љубомир Левчев, ,,Синоќа врнеше златен дожд, сеуште ми мириса на бог”, со силен аплауз беше награден од публиката.
Иако во театарската претстава, дождот не предизвика технички грешка и пропусти, истиот создаде мали нелагодности кај публиката. Дел од присутните кометираа дека организаторите морале да имаат обезбедено алтернативен покрив во случај на временски неприлики, a имаше и коментари дека Охрид како центар на културата мора да располага со соодветна Концертна сала, која ќе може да се користи како алтернативна сцена.
Фото- Кирил Јорданоски