Лиза е разиграно јагне(јаре) и ги има карактеристиките на двата вида. Научниците не се сигурни каде да ја класифицираат бидејќи со вакви случаи ретко се среќаваат.


необичен потомок

Лиза се родила по непланираната љубовна средба на јарец и овца на фармата на Клаус Екстернбринк во Северна Германија. Младиот јарец ја прескокнал оградата и се „спријателил“ со овцата. Резултатот станал видлив минатиот месец кога на свет дошла Лиза. На сопственикот веднаш му била необична затоа што има фигура на јагне, а боја и силни задни нозе како јаре. Нејзината мајка нема проблем со нејзиниот необичен изглед и кон неа се однесува како и кон другите младенчиња.

Необичното животно почнале да го проучуваат специјалистите за генетика од Хановерската ветеринарна школа. Тие би требало да го утврдат службениот статус на овој хибриден вид. Професорот Карл-Хајнц Валдман рекол дека ваквите случаи во природата се можни, но ретки.

За сега е непознато дали Лиза ќе дава млеко и со каков вкус ќе биде. Нејзиниот сопственик верува дека ќе биде добро за консумација. Одговорот на ова прашање ќе се знае на есен кога би требало да почне да дава млеко.

Јасмина Т. Момироска