Во Прличевата одаја во НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид синоќа беше промовирана стихозбирката  „Сонот на љубовта“ од Блага Н. Трендафиловска во издание книгоиздателството “Македонска искра” – Скопје.



 – Толкувајќи ја оваа љубовна поезија, ќе дојдеме до сознание дека љубовта и тоа како може да му оддолее на времето кое се краде, и дека оној кој мисли дека љубовта е минлива – никогаш не сакал вистински, истакна промоторот Ирена Бачиќ, потенцирајќи дека секој стих напишан за љубовта, всушност е еден цел текстовен свет кој постојано остава простор за индивидуално толкување.


Авторот Блага Н. Трендафиловска


Пред присутнити за делото зборуваа и промоторите Братислав Ташковски и Тоде Илиевски, а на љубителите на пишаниот збор им се обрати и авторот на книгата. Промоцијата заврши со заедничко дружење на читателите со авторот кој им подари примероци од книгата со посвета.


OhridNews