Аргентинскиот стратег Марсело Биелса кој го препороди Атлетик Билбао, ја напушти тренерската позиција во клубот.

Причина за неговото заминување беше во несогласувања со раководството на клубот поради ненавремената изградба на тренинг – објектите.

Популарниот “Ел Локо“ лани го одведе клубот во финалето од Лигата Европа и во финалето од Копа Дел Реј. Двете финалиња ги загуби со по 3-0, во Европа од Атлетико Мадрид додека во Шпанија од Барселона.
 
По успехот со Атлетик, Марсело Биелса беше поврзуван со тимот на Интер но по продолжувањето на неговиот договор до 2013 година, таа опција пропадна.