Бразилецот Леонардо го напушта тренерското место во Интер, а на негово место седнува аргентинецот Марсело Бијелса, пишуваат италијанските медиуми.

Претседателот на Интер, Масимо Морати ја најави разделбата со Леонардо велејќи дека причината  не се лошите резултати, туку желбата за промена на професијата на Бразилецот.

Тој работеше со голема страст, но тренер не е она што сака да работи во иднина, вели Морати кој ги потврди шпекулациите дека Леонардо ќе биде технички директор на неговиот поранешен клуб ПСЖ.


Нов тренер на “нероаѕурите“ би можел да биде поранешниот селектор на Чиле, аргентинецот Марсело Бијелса, кој за време на долгата кариера ги предводел Њуелс Олд Бојс, Велез Сарсфилд, националниот тим на Аргентина и Еспањол. Тој е познат по својот  див темперамент, и прекарот “лудак” (Локо).


Доаѓањето на Бијелса на клупата на Интер, би значело повторно докажување за Горан Пандев, кој неодамна во Охрид изјави дека останува во Милано, но дека без разлика кој и да дојде го очекува многу работи бидејќи доаѓа од мала земја како Македонија, а не од Аргентина или Бразил.

М.П.