Милан претпрпе минамален пораз од Тотенхем со 1-0 во првиот натпревар од нокаут фазата во Лигата на Шампиони. “Росонерите“ не успеаа да ја наметнат својата игра, се мачеа во првиот дел, а во моментите кога навидум ја конторлираа играта, следуваше контранапад на Ленон кој во погодок го претвори Крауч.

Првиот дуел ќе остане запаметен и по оштрите стартови на фудбалерите на Милан, како и неспортскиот однос на капитенот на Милан , Џенаро Гатусо кој влезе во конфликт со стручниот тим на Тотенхем.

 Во последните две елиминации во шампионската лига за Милан кобни беа англиските екипа, дали така ќе биде и оваа година ќе биде познато по реваншот за 14 дена во Лондон.