Светскиот првак во „кралската класа“ во Мото ГП шампионатот, Марк Маркез, планира да се трка овој викенд на патеката во Херес. Конечниот збор сепак ќе го имаат лекарите задолжени да се грижат за здравјето на мотоциклистите на патеката „Анхел Нијето“.

Маркез, во саботата, имаша страотен инцидент на првата трка во сезоната. Тој ја скрши коската во надлактицата на десната рака. Пред три дена Маркез беше успешно опериран во Барселона.

Она што е добро за Маркез е дека тој не го повредил радијалниот нерв во раката. Тој денес ќе биде во Херес, а дали ќе вози на тренинзите, во квалификациите и на самата трка треба да решат лекарите откако ќе му извршат дополнителни прегледи.