По оставката на Герардо „Тата“ Мартино каталонскиот клуб реагираше брзо и за нов тренер го постави Луис Енрике.

Тој е поранешен фудбалер на Барселона и доста добро ја познава нивната политика и стилот на игра.

Енрике имаше неуспешна авантура на клупата од Рома каде помина само една сезона.

44-годишниот стратег ќе има тешка задача да го врати победничкиот менталитет и „тика така“ повторно да ја врати во мода.

Мх.П.