Напаѓачот на Уругвај Луис Суарез поради повреда ќе го пропушти Мундијалот во Бразил. “Седумката“ на Ливерпул се здобил со повреда на менискусот на еден од тренинизите на репрезентацијата и за во четврток е закажана операција пренесуваат уругвајските медиуми.
Суарез во изминатата сезона постигна 31 гол и заедно со Роналдо од Реал Мадрид ја поделија златната копачка. Суарез се очекуваше да ја предводи селекцијата на Уругвај која во Бразил патува како еден од фаворитите во сенка. Повредата на Луис ќе биде голем удар за нивните амбиции.
Уругвај се наоѓа во Д групата заедно со селекциите на Англија, Италија и Костарика
ohridnews