Екипата на Атлетико Мадрид е следна дестинација во кариерата на Луис Суарез. Атлетико Мадрид и Барселона, доцна синоќа го потврдија трансферот. Барселона на почетокот нема да заработи ништо од преселбата на Суарез во Мадрид, но низ разни бонуси можат инкасираат 6 милиони евра. Суарез на „Ванда Метрополитано“ ќе остане минимум две сезони.

Луди беа последниве денови. „Течеа“ информации, некои работи беа измислени…Тоа ќе ве налути, но морате да се тргнете настрана од такви работи. Морам да уживам во оваа фаза, морам да ѝ бидам благодарен на Барселона за се што проживеав. Сон ми беше да играм за Барселона. Мислев дека тоа ќе биде можно само на „Плејстејшн“, но успеав да го остварам сонот. Барселона е мојот дом. – изјави Суарез на последната средба со медиумите во Барселона.

Суарез не ги криеше емоциите кога дојде моментот да каже како се чувствувал додека играл за Барселона.

Ова се тешки моменти за мене. Завршува фазата со која се гордеам. Овде створив неколку големи пријателства тоа ме прави среќен. Не замислував дека ќе дојдам до оваа бројка. Горд сум на овие шест години, горд сум што моите деца ме гледаа како играм со неверојатни фудбалери и како освојувам трофеи…Засекогаш ќе се сеќавам на тоа. Благодарност до навивачите што ми даваат поддршка, тоа никогаш нема да го заборавам. – истакна Уругваецот.

Луис Суарез во 2014 година од Ливерпул пристигна во Барселона. Кталонците го платија 82.000.000 евра. За шест години одигра 283 натпревари, постигна 198 голови и забележа 109 асистенции.

OhridNews