Вокалниот интерпретатор Луиза Мара Рустеми од Поградец, Република Албанија, во петок на 8-ми јуни ќе одржи концерт во Охрид. Концертот го организира Центарот за култура Григор Прличев, а според планираното истиот ќе се одржи на малата театарска сцена.

Охридската публика ќе има можност да ги слушне познатите рефрени на песните ,,Mamma”, ,,Besamme muco”, ,,Mami blu”, ,,Violina cigana” како и многу други композиции.

Концертот ќе започне во 19 часот, а влезот е слободен.

OhridNews