Словенецот Лука Дончиќ, сезона и пол настапува за Далас во НБА лигата но продолжува да ниже награди и признанија на стариот континент. Најнова награда за Дончиќ дојде од Евролигата, која го вклучи во тимот на деценијата (2010-2020).

21-годишниот кошаркар, местото во почетната петорка го обезбеди со маестралните партии во мадридски Реал. Дончиќ три сезони го носеше дресот на „кралевите“. Најмногу се истакна во последната, кога ја презеде улогата на лидер во екипата после повредата на Серхио Љуљ. „Лос бланкос“ ја освоија титулата, а Дончиќ ги собра сите почести и награди.

Видео прилогот од најдобрите моменти на Лука Дончиќ во Евролигата.

 

OhridNews