Хрватскиот ракометар во редовите на Вардар, Лука Циндриќ го понесе признанието за најдобар ракометар во светот за 2017 година во изборот кој го организираше ЕХФ.

Стрелецот на погодокот вреден финале на Ф4 турнирот во Келн во завршната битка од гласањето на ЕХФ го победи Мате Лекаи од тимот на Веспрем. Циндриќ освои 6 731 гласови, додека Лекаи 6 039.

Во изборот покрај Циндриќ се најде и Арпад Штербик, но тој многу заостана од неговиот соиграч кој ја понесе наградата.

Во женска конкуренција наградата за најдобра ракометарка и припадна на Кристина Неагу која имаше неверојатни 15 000 гласови.

OhridNews