Ромелу Лукаку сака да се врати од Челзи во Интер. „Calciomercato.com“ пренесува дека напаѓачот не се чувствува како значајна фигура во лондонскиот клуб и затоа сака да се врати во Интер, каде што почувствува љубов и поддршка. Белгиецот е сериозен во својата намера. Тој сака да се сретне со извршниот директор на миланскиот клуб, Бепе Марота за да разговара за можното враќање.

Белгиецот минатото лето се пресели во Челзи од Интер. За италијанскиот клуб настапуваше од 2019 година.
Дваесет и осумгодишниот фудбалер оваа сезона постигна 12 гола на 39 натпревари за Челзи во сите натпреварувања.
OhridNews










