Управата на Интер конечно му ја исполни желбата на тренерот Антонио Конте доведувајќи го белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку. „Неро азурите“ на Манчестер Јунајтед за потписот на Лукаку ќе му исплатат 80 милиони евра.

Лукаку беше на врвот од желбите на Конте, кој не криеше симпатии кон репрезентативецот на Белгија. Лукаку трансферот во Интер го официјализираше ден пред да заврши преодниот рок во англиската Премиер лига.

„Црвените ѓаволи“ замената за Лукаку во офанзивната линија веројатно ќе ја донесат од Серија А. Манчестер Јунајтед ќе тргне по Марио Манџукиќ кој настапува во Јувентус.

OhridNews