– Овој објект во кој граѓаните ќе може да купуваат висококвалитетно гориво, а воедно ќе може и да се одмараат, претставува скромен подарок за охриѓани по повод Денот на независноста, рече на отворањето Генералнот директор на “Лукоил” Македонија, Андреј Куку.
Како што нагласи вицепремиерот Владимир Пешевски, бензинската пумпа во Охрид е 16- та по ред отворена во Македонија, изградена и опремена според насојсовремени светски стандарди од сите аспекти.
– ” Лукоил” е сериозен инвеститор, гигант во нафтената индустрија, кој досега во Македонија има инвестирано над 30 милиони евра. Ваквите инвестиции покажуваат дека бизнис климата во Македонија од ден на ден е се подобра и дека просторот за инвестирање постојано се зголемува. Секој кој го препознава својот интерес да инвестира, во Владата го гледа својот партнер во реализирање на сопствените бизнис планови, истакна Пешевски.
Градоначалникот на општина Охрид, Ачлександар Петрески, потенцира дека изградбата на бензинската станица на “Лукоил” е и првата директна инвестиција на руската федерација во Охрид.
– Се надевам дека тоа е позитивна порака за потврдување на досегашните добри политички и економски односи со РМ во кои искрено очекувам Охрид, како најголем културен и туристички центар во земјава ќе завземе посебно место. Ова нека биде првиот чекор во реализација на определбата на што повеќе руски компании да бидат присутни со свои инвестиции во Охрид, кои ќе придонесат кон заживувањето на индустријата во градот, рече Петрески.
На церемонијата која започна со осветување на објектот, присуствуваа и претставници од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.
По повод свеченото отворање, на првите 20 клиенти по свеченото отварање на бензинската пумпа им беше точено бесплатно гориво.












