Македонската фудбалска репрезентација последната контролна средба во пресрет на стартот на квалификациите за СП 2010 година ќе ја одигра на 20-ти август против Луксембург на гостински терен, пренесува официјалниот сајт на Фудбалската Федерација на Македонија.
Македонија нема пораз но нема и победа во календарската 2008 година. Против Бих одигравме 2-2, а против Полска 1-1.
Досега Луксембург и Македонија не одиграле меѓусебен натпревар.











