-Се работи за несреќен случај, рече Настоски.
Тој истакна дека кај Капетанијата постапувала согласно Законот за внатрешна пловидба и делувала превентивно со цел да не дојде до вакви инциденти. Контрола на бродовите на Охридското Езеро не вршела затоа што до пред 5 месеци во Капетанијата немало овластен инспектор за проверка на безбедносните услови на пловните објекти, а што претходно било побарано.
Настоски посочи дека за техничкиот преглед на бродовите и утврдување на нивната исправност била ангажирана осигурителна компанија и дека Капетанијата немала обврска да го контролира испловувањето на бродовите, бидејќи тоа не било практика никаде во светот. За капетанот Сотир Филевски тој кажа дека имал звање морнар моторист, што му овозможува да управува со брод
Судскиот процес за потонувањето на бродот „Илинден“, продолжува денеска со распит на сведоци. За несреќата во која настрадаа 15 туристи од Бугарија обвинети се капетанот на бродот Сотир Филевски и овластениот претставник на осигурителната компанија „Германски Лојд“, Бранко Бајиќ, кому му се суди во отсуство. Двајцата за товарат за предизвикување тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.