Комисијата за верификација на фактите го лустрираше еден од најголемите македонски писатели, академик Славко Јаневски, јавува тв „Телма’. Иако од Комисијата за верификација на фактите не го кажуваат неговото име, сепак според назнаките кои се дадени, а ќе бидат објавени во досијето кое го носи името „Славјан“, јасно е дека станува збор токму за Јаневски, пренесува телевизијата.

-Станува збор за писател, академик, кој пишувал за село зад седум јасени. Во периодот на шеесетите и седумдесетите години како информатор од идеолошки причини ги кршел човековите права на лица уметници, сликари, писатели и артисти, рече Предраг Димитровски, портпарол на Комисијата за лустрација.

Покрај него лустрирани се уште 15 лица.Од нив еден вработен во ДБК бил ангажиран да следи личности  кои од позиција на македонски национализам и екстремизам се залагале за обединување на Македонија, а врбувал и лица од дијаспората од кои добивал слики за тамошните културно уметнички друштва и македонски организации. Останатите 14 лица, според лустраторите, дејствувале во периодот на седумдесетите и осумдесетите години, како и во доцните деведесети години следеле претседатели на политички партии,заменици и пратеници.

За Чедомир Дамјановски, член на Комисијата, и овие решенија и одлуки се противуставни и противзаконски. Според него, некој свесно го уништува процесот, а доказ за тоа е одбивањето повторно да се разгледува случајот на Петар Карајанов, пренесува „Телма“.

OhridNews
извор:„Телма“