Тренерот на новајлијата Овче Поле, Ангел Љутков по вчерашниот натпревар во суперлативи говореше за охридскиот Амак СП .
– Екипата на Амак СП е најсериозниот претендет за трофејот сезонава. Физички се добро подготвени играат агресиван одбранаи имаат страшна контра. Отприлика знаев што не чека на вчерашниот натпревар но и ние во голема мера им поконгнавме откако имавме огромен број на изгубени топки кои пак им овозможија брзи контри кои го одлучија мечот.
Љутков уште еднаш ги повтори амбициите на навајлиите во лигата.
– Влетавме во првата лига како “падобранци“, наша цел беше да опстанеме во лигата, но ни се укажа можност да играме во супер лигата, па сакаме да ја искористиме. До супер лигата не дели една победа против Вардар која се надевам ќе успееме да ја извојуваме на наше “буниште“ во салата “Цар Самoил“ во Св Николе.











