Македонската репрезентација до 18 години, која периодов во Струга се подготвува за настап на ЕП (Б Дивизија) кое летово ќе се игра во Струмица, синоќа одигра пријателска средба против сениорската репрезентација. И покрај поразот 73-50 , селекторот Ѓоровиќ е задоволен од тоа како се движи формата на неговите избранички.

– „Работиме во навистина силно темпо, по два пати дневно и фокусот се уште ни е главно на онаа физичка подготовка. Низ тренинзите, а и пријателските натпревари кои ги играме, забележуваме каде правиме грешки и тоа е добро, затоа што имаме време фокусирано да работиме да ги отстраниме во наредниот период“, вели селекторот на репрезентацијата, Владимир Ѓоровиќ.

На 22 јули, тимот заминува за Струмица, каде од 26 јули до 5 август ќе настапи на Европското првенство (Б Дивизија). Нашиот состав е во Англија, Белорусија и Летонија.

Ohridnews