Без победник (1-1) и со поделба на пленот заврши дерби пресметката помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул на „Етихад“ во рамките од 8-та рунда во англиската Премиер лига. Судирот на последните два шампиони во Англија не понуди атомски фудбал, но возбудувања имаше во секој случај.

Ливерпул со гол од пенал го отвори резултатот. Прецизен беше Мо Салах. „Граѓаните“ изедначија преку Габриел Жезус кој постигна маестрален погодок. Манчестер Сити шансата за втор гол и водство ја прокоцка во финишот од првиот дел, кога Кевин де Брујне не реализираше од белата точка. Во второто полувреме двете екипи повеќе мислеа на својот, отколку на противничкиот гол. Се водеше жестока битка на средината од теренот, но без посериозни шанси за гол.

Ремито на Ливерпул во Манчестер во прилог му отиде на Лестер кој со минималниот триуфм (1-0) над Вулверхемптон избија на врвот од табелата.

  • Резултати:

ВБА – Тотенхем 0-1

Мен Сити – Ливерпул 1-1

Лестер – Вулверхемптон 1-0

Арсенал – Астон Вила

OhridNews