Предизборната атмосфера во Охрид полека се загрева. Во партиските ограноци се вршат интензивни подготовки за настап на изборите, а мобилизирано е и членството во базата. Подготвени се и маалските изборни штабови, кои се излепени со плакати и партиски симболи.


Маалските штабови подготвени за избори

Засега предизборната трка во Охрид тече без проблеми, за разлика од Скопје, Куманово и некои други општини каде во изминатото деноноќие беа регистрирани оштетувања на 6 партиски штабови. Случаите се евидентирани во МВР од каде информираат дека работат на расветлување на инцидентите.

OhridNews